глас (имн.) - тивок (прид.)

Со чуден сјај го гледаше И право во очи и испушташе глас тивок како далечно ехо од ревење.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Рацете ѝ беа благородни, очите благи и полни со сјај, гласот тивок и познат, мил, мајчински, го будеше: - Сине, мило сине, - му рече.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некој стави паричка од пет центи во отворот на автоматот и утробата на џубоксот мина низ цела серија трескања, пред глас тивкиот и сладникав да почне да го смекнува ѕвечкањето на чиниите и посребрените предмети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)