глас (имн.) - негов (прид.)

Како сега памтам, како овде да е гласот негов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега, невиното се радува, пее, тоа и не помислува колку морничаво гласот негов гребе по душава...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Еден глас само, меѓу сите други, може да вознемири: тоа изоче, утрово што слетало на твојот прозорец, та тропа, та пее па гласот негов во тебе буди сеќавање на тешки понижувања и бол: едно тоа само, изочено знае, залудно и со денови како се мачело колвејќи да го одврзе јазолот заврзани меѓу железните шипки и пролетта.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)