Очите и се две темни езера без дно, косите долги и црни како абонос, гласот милозвучен, чиниш жуборливо поточе!“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас
кога народот ја претчувствува
мемлата во говорот, офтиката
несомнено насетува неслобода
осој, таму кајшто треба да припекува
слободата на зборот и мислата
сласта на грлото кога го испушта
гласот милозвучен
ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот
во него е сѐ она што по којзнае кој пат било
не само овде и не само во нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)