глас (имн.) - го (зам.)

Тој не веруваше дури ни во постоењето на халуцинации; според тоа, не го беше видел она што - по негово мислење - не е можно да се види; тоа беше речиси шок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од таа состојба почна да го извлекува повеќе пати повтореното објаснување коешто со леден глас го даваше татко му.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На масите нашите луѓе се побучни и тоа е невообичаено за овдешните луѓе, кои гласот го повишуваат кога ќе голтнат повеќе пиво, или од она убаво чешко вино „Лудмила“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нечии глас го прекина молчеето: - Нека го прими кметот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ајде, фудул Митро, мори, При твојата мака... Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На изборите во 123 општини и на 2973 места, својот глас го дадоа 1.634.861 гласач.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во октомври 2000 година, во Скопје, во хотелот “Александар палас” беше одржан самит на шефови на држави или влади на процесот на соработка на Југоисточна Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сепак, тој брод се гласи понекогаш во градот; неговиот глас го чул барем еднаш секој скопјанец.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако овој се обидеше да му каже нешто, да го замоли, тогаш се рашируваа малите очи на сопственикот и тој со повишен глас го прекинуваше работникот: - Ајде, ајде, не сум јас добротворно друштво...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Детето занеме. Нејзиниот глас го пресече, скова. Крилата на радоста му натежнаа, смалаксаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не плаши се, Стрела, не плаши се! - речиси со плачен глас го смируваше Бојан своето куче и самиот треперејќи од страв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Караман пес во далечина гласот го крева, без грижи, тој грижи нема, роса пак и во овој самрак паѓа над бело цветче во жолтозелена трева.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Го слушнав како со топлина во гласот го изговори моето име и истовремено ми ја пружи раката за поздрав.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во онаа истата во која некогаш мина години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Со смртта не исчезнуваме,“ му реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доктор Гете испиша со показалецот едно „не“ во воздухот, а потоа со глас го повтори тоа „не“ неколку пати, и продолжи: „До неодамна таа беше сама во соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја слушав во тие ноќи Клара како забрзано дише, како плаче, ја слушав како се моли иако не знае кому да ја упати молитвата затоа што од Бог се откажала одамна, откако тој се откажал од неа, ја слушав Клара како ја прекинува молбата, и како престанува со плачењето, ги шмркнува мрсулите и се издишува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неговиот глас го препознав сопствениот страв од времето на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во сите тие гласови го немаше гласот на Клара Климт, во криковите на тие ноќи кои се прелеваа едни во други и се нижеа во години, во моите обиди да ги чујам нејзините ноќи, Клара остануваше нема, Клара копнееше по тишина, Клара сакаше само едно малечко парче од овој свет во кој би можела безбедно да ја свие главата и да преноќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога пред триесет години ја запозна, тој во неа ја препозна својата Шехеразада – нејзиниот глас, топол, мелодичен и лелеав, како свилен превез ги покриваше зборовите што му ги кажуваше, навидум обични, и им даваше и тежина и леснина, па тие де му ги притискаа градите де го подигаа една стапка од земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога ја слушаше како зборува со ќерка им, топлината во нејзиниот глас го омамуваше и го потсетуваше зошто воопшто и ја зел за жена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зборовите изречени напевно и високо од ѕвонливиот детски глас го исполнуваат со задоволство овој служител на редот и спокојството.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Кај се децата, вика Јон и гласот го истанчува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со пискав глас го чита од пергамент обвинението. Веќе и не го гледам зад масата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во страшниот сон ја чу, нејзиниот глас го пробуди, со изгорени усни, во сон, во магија, во занес рече: - Мајко, мајчице мила!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таквите гласови го мачат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Понекогаш ја сонува како му шепоти на увото тивко, нежно, мило, возбудливо, исто онака како што му зборуваше во Прага, а понекогаш гласот го здружуваше со здебелениот глас на Стела, но не му шепотат, ами му пеат тажни песни облечени во црно како калуѓерки; му пеат како на гроб, како да му дошле на погреб.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко со необично остар глас го праша Камилски: Дали ја прочита книгава?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека Татко, колку од љубопитност толку од почит кон гестот на ненадејниот гостин, ги гледаше и ги прелистуваше книгите, постариот од играчите, Афз Б., со тивок и учтив глас го праша: Дали играте покер?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си пискав глас го чита од пергамент обвинението.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа на глас го рекол човек со фанатички очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како и обично, неговиот глас го фрли Винстон во беспомошност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На крајот, упорните гласови го скршија повеќе и поцелосно отколку чизмите и тупаниците на стражарите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наместо неа, еден отсечен војнички глас го читаше, со некакво грубо задоволство, описот на вооружувањето на новата Пловечка тврдина, штотуку укотвена помеѓу Исланд и Фарските острови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите беа воодушевени од нејзината сцена во која седи, многу женствено, на каучот и заедно со Џеки на глас го чита филмскиот часопис, додека Гери му го пуши на Џое.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таму тој овој глас го имаше слушано цели дваесет години и еве сега овде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Какви вреќи бре будало, тргај по мене и не туку пули лево десно! со поткренат глас го влече Трифун.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзиниот глас го беше совладала внатрешната Мајкина тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Да.“ „Имам идеја. Својот глас го снимив илјада пати на една лента. Емитирана од еден град звучеше како врева од илјада луѓе. Мошне пријатна врева на масите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сепак, за да го изразам своето неслагање, иако со послаб глас го соопштив она што морав да го речам: - А јас сум сигурен, драга Катерино, дека можам да сакам и со празен стомав - реков изненаден и самиот од точноста на одвај изговорените зборови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тивкиот глас ја крена секирата, но силен глас го запре: - Не, - му свика. - Чекај!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тогаш од дното на сокачето, некој познат глас го повика.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
-„Колку може да биде скапа надежта на двајца млади луѓе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те чекав на крајот од сонот, беше толку блиску до мене, го допирав твоето лице, на глас го изговарав твоето име, ти го чувствуваше мојот копнеж да те претворам во совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како и секој Ангел, кога го слушам него, со глас го убива злото, но злото го победи него.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
- Какви вежби и единици, бре?! - Со писклив глас го прекина Мита.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Маркос се доближи, се загледа во неговите малечки очи, го фати за офицерскиот појас и со развлечен и возбуден глас го праша: - Готов ли си да го образложиш планот и да го убедиш Захаријадис и неговите генерали - пријатели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мече сакаше да извика, но глас го издаде ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече сакаше да извика, но глас го издаде.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)