глас (имн.) - има (гл.)

- Во неговиот глас имаше и потсмев и закана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Смири се - го прекина Захаријадис. Во неговиот глас имаше смирувачки, но и заканувачки тон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти си блиску до мојата душа, каде и да сум оваа душа е полна со спомени и копнежи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во мојот глас има страдање, неможам да заминам, сакам да знам дека ќе бидеш тука за мене кога ќе се вратам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ем ништо не кажува, ем мисли дека кој знае што кажува и згора на тоа во крескавоста на нејзиниот глас има една таква наметливост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во нејзиниот глас имаше и тага, но, и помиреност со нешто што е свршено, неминовно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во неговиот глас имаше и жал за удреното другарче, и потреба сите да ги увери, тука веднаш сите да му поверуваат, дека тој никогаш не би можел никого да удри.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Неговиот глас имаше јачина, длабина и мелодичност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во неговиот глас имаше презир.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште поголем степен на сложеност има канонот кај кого различните гласови имаат различни брзини.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но тие и во гласот имаат некое измрдано место кое постојано им се покажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ОГНЕНА ГУЛЕВА
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во гласот имаше усилен спокој и горчина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ист, бре. Знаеш каков глас имаше. А како пееше!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој штом ќе се загледа во некој, како куче е.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Господе, каков глас, тоа, се разбира, беше мојот тогашен критериум за уметноста, мислев, коњите трчаат за да се докажат, природно, поетите викаат за да се надвиваат, реков, каков глас, каков силен глас имаше Трифун Трифуновски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Студенилото со кое им го пресудуваш прекинувањето на постоењето на сите кажува колку ти веруваш дека сепак ќе продолжиш да живееш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во твојот глас има нешто што вели – да, не постои бесмртност, сите се смртни, освен јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во звуците на гласот имаше нешто каприциозно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„А? Што?“, гадливо и со шушкав глас промрморе ненадејно будниот таен советник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)