Измамена од твојот поглед, кој буди глад во мене за тебе...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Изборот на фабрики не беше тежок: јавноста постојано беше „бомбардирана” со вести за штрајкот со глад во „Чик” - Куманово, дваесет и петте загубари, за случајот со „Стакларница” - Скопје...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Беше тоа еден од оние моменти на помирување, кога упорниот глад во стомакот беше заборавен и кога неговата некогашна љубов беше привремено одново оживеана.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му изгледаше дека бесната глад во неговиот стомак го оправдува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бидејќи освен девојката постоеше уште и Таа со синот и малата Весна од кои го отргна онаа матна глад во неговата душа, глад за доживувања, за откривања, за волни летови, - глад што постојано ги исфрлаше од релисите на секојдневието и тераше во имагинарното, надвор од дадените реалности да бара остварување на своите сништа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од глад во стомакот чуствувам мачнина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Беше маѓепсан и загледан, останувајќи свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак, чиешто превиткување го престегна како исквасен ремен и го згрчи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Младичот една вечер му објасни на Змејка дека тоа може да биде и глад во домовите на сите тие луѓе, што ја напуштија работата, помирени со тоа, дури задоволни од тоа што беа станати сите и што никој не можеше да ги замени, а фабриката секој ден губеше од тоа милиони.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со таа измореност, што му се гнездеше во секој зглоб, и со грчевите глад во стомакот, и со онаа врзаност во своите жили, и со денот, што згаснуваше кротко и трпеливо, сето тоа не значеше навистина ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не дека тоа го сметаше за примитивно, колко што му доаѓаше некако природно, зашто брзаше да прикасне што и да е, само да го смири гладот во желудникот: конзерва риба, сирење со леб, вчерашна манџа, а еднаш најде во едно тенџере нешто како пудинг, па му додаде шеќ ер колку да го пролапа, а после жена му вџашена му рече дека ѝ го изел колото за белите алишта.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Веднаш по средбата со старецот, скриена од неговите очи, долета една птица над вреќата со пченица, најверојатно подгонета од гладот во оваа пустелија, колвајќи гладно од вреќата: ја потткина, а од отворот, полека, зрната почнаа едно по едно да излегуваат на дневна светлина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Гладот во земјата напредуваше, но во Козар маало изгреваше среќното време со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми сигурно чувствуваше дека гладот, речиси хроничниот глад во семејството ги свенува нашите души, насетуваше како замира нашата врева, без која му стивнуваше и еланот да чита, да мисли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)