глаголица (имн.) - има (гл.)

Приврзаниците на предимството на кирилицата пред глаголицата имаат свои аргументи, кои подолу ги разгледуваме придржувајќи се кон истиот редослед, по кој ги претставивме мислењата на приврзаниците на предимството на глаголицата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во трактатот „О писменех“ Црноризец Храбар укажува дека Константин создаде писмо од 38 букви, а толку има глаголицата без графемите за прејотираните назални вокали.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)