главнина (имн.) - на (предл.)

На 7 февруари членот на британската воена мисија Кларк поради трите последователни напади на бугарскиот окупатор бил одделен од главнината на Првата македонско-косовска ударна бригада и бил заробен од Бугарите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во нула-нула часот и триесет минути на 21 август, подвлекувам и запамтете добро, во нула-нула часот и триесет минути низ направениот отвор во одбранбената линија на противникот тргнува главнината на нашите единици.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но таа се надоврзуваше и привикуваше едно исто така старо предание: она во кое страницата инаку се устројуваше во главнината на текстот, толкувањата, внатрешните белини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога главнината на четата фати позиции, девојките сѐ уште се искачуваа по стрмнината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Карактеристичната контура на мож­ниот читател ја назначуваат примерите на постоечките читатели (понекогаш е доволен и еден).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)