глава (имн.) - полека (прил.)

Заспа. Беше топол септемвриски ден, но јас знаев дека нејзе ѝ студи, знаев дека тој студ ја тера да сонува зима и мраз, сонува како е оставена некаде сама, и на неа паѓа снег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа чувство не беше ниту вознемирувачко ниту непријатно, напротив - беше нешто ново; можев буквално да го изметам дворот сосредоточувајќи го погледот на една точка и потоа вртејќи ја главата полека во било која насока.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во еден миг рацете, кои дотогаш цврсто ги стискаа држачите на столот, се олабавија, а главата полека се навали нанапред, како длабоко да се поклонува некому.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)