глава (имн.) - налево (прил.)

Еве ја солта што ја баравме, викам, а луѓе никаде нема. Ја вртам главата налево и надесно, вели, цело поле е празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
" Господмнот Гроздановски беше изненаден од тоа што го чу, речиси штрекнат, но не одговори, туку го погледна кучето коешто, расположено во неговиот скут и со опашката живо раступкана по неговата болна нога на којашто ова фрашкање ѝ годеше и гледајќи го гледаше право в очи, зачестено накривнувајќи ја главата налево.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ненавикнат таа да го гледа, нејзиниот поглед го уплаши, така што моментално ја заврте главата налево, небаре коњска мува го касна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)