глава (имн.) - влево (прил.)

Една жена, кога некој ѝ зборуваше, постојано ја движеше главата влево и вдесно, затоа што ѝ се чинеше дека зборовите летаат кон неа, и можат да се заријат во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одненадеж одекнува подмолно и промолкнато оттаму од Камен и чиниш паво во прозорецот, право до душата и во срцето Максимово, па тој, штрекнат, ја мрднува главата влево, небаре ја засолнува, но веднаш потоа чувствувајќи се понижен и лут на себе ги попритиснува стапалата на подот и останувајќи пред прозорецот чека повторно да се огласи кобникот од Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)