глава (имн.) - помисла (имн.)

Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Танцот беше толку убав, толку понеслив, неповратлив, толку пијан и безизлезлив од срцата на тие што танцуваа, што никому не би му удрила в глава помислата да рече – стоп!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Гледаше како денот полека се излачува од муграта.  Му дојде в глава помислата дека долго не бил во синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)