глава (имн.) - нема (гл.)

Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во главата немаше ниту една мисла што не беше слоган, и не постоеше ниту една имбецилност, апсолутно ниедна, што таа не беше во состојба да ја проголта ако и ја понудеше Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Е, потврдо дрво од глава нема.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И во твојата глава нема ништо.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ако не можеш да смислиш ништо, ако во главата немаш ни збор за повеста што сакаш да ја напишеш, тогаш кажи ја вистината - дека седиш пред белиот лист ставен во машината за пишување, со раката воврена под ременот од пантолоните, фатен за пенисот како за единственото нешто за што можеш да се фатиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заради тоа што починал, во мојата глава нема да умрат сите тие слатки поучни приказни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Господ?” „Ха, и тој ништо не прави додека не му помогнеш: ако не ви подвикнев јас под кошарата и ако не го удрев барабанот низ село да се расчуе, Профим ни за жива глава немаше да ти ја даде; вие сѐ уште ќе се криевте и ќе си ги боцкавте фелките по сламата...” чкрапаше со очите Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Толку добри луѓе Дики, оќелавуваат на 16 години, а овие уште 206 години да живеат влакно од главата нема да им падне!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ме дупеше ме тераше да му ја кубам Маргина 37 147 косата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во нејзината глава немаше ништо повеќе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Еве, јас ви се колнам во својата вера, во својата чест и закон дека влакно од главите нема да ви падне.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)