глава (имн.) - гледа (гл.)

Не можеше, а да не се забележи како дојденците вртат со главите гледајќи по ѕидовите и во ткаените таписерии, плетените „витражици“ на секое нешто што личи на стакло и огледало, па дури и гарнитура нацуцулена на машината за перење алишта „Ободин“, како врв на технологијата во нивната куќа, нормално ставена во претсобјето за сите да може да ја видат и веднаш да знаат дека во оваа куќа не се пере на рака.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)