глава (имн.) - влезе (гл.)

Покрај омразата што ја имаше секој христијанин кон Турците за разните зулуми и своеволија што ги вршеа над нив, во Андоновата глава влезе сега и новата пљачка над некој од прилепските или битолски бегови, кај кого што ќе најдат двојно повеќе и на кои пари тој рамноправно ќе учествува. Co тие мисли му даде збор на Толета да се надева на него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој другиот направи еден несигурен чекор, и како да не му се веруваше дека колибата ќе го собере, со малку поднаведната глава влезе внатре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Старецот ја затвори вратата зад него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)