Сега, откако активизмот за ХИВ/сидата, иако не и самата ХИВ/сида, некое време се потповлекува од првите редови на машкиот геј-живот, барем кај Белците во развиениот свет, сега кога политичките потреби на активизмот за ХИВ/сидата се менуваат, сега кога жалоста и гневот почнуваат да го губат монополот врз бесот на настраните афекти што може да се изразат отворено и сега кога квир-културата одново изнаоѓа континуитети помеѓу современото лезбејско и геј-постоење и претходните, претстоунволски облици на сексуално отпадништво, изгледа дека е сѐ повозможно да се испитуваат аспектите или димензиите на внатрешниот живот на хомосексуалноста кои не толку одамна изгледаа политички сомнителни, да не речам невкусни – и кои, во секој случај, не смееше да се истражуваат подробно.107
4 ПЛАКАРОТ НА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА
Современата геј-култура почна да ја користи новопронајдената можност да го истражува внатрешниот живот на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истовремено, токму бидејќи тој процес на историска промена се одвива веќе со децении, крутото тврдење дека помладите геј-мажи, за разлика од полугенерацијата на геј-мажите пред нив, немаат потреба од геј-култура почнува да се ветви и изгледа крајно сомнително – како резултат на систематска амнезија и колективно одрекување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)