геј-култура (имн.) - има (гл.)

Во спротивно, ако сериозноста е настап, изведба, и ако тоа што нешто се доживува како настап значи дека не се сфаќа сериозно, тогаш машката геј-култура има целосно право сериозното да го преиначи во тривијално, да го исмева она што важи за сериозно – да му се подбива на она што постигнува сериозност со самата извонредност и свеченост на изведбата.222 И навистина, што може да биде посоодветно, пореалистично за несериозен третман, за исмевање од непријателски устроените и неменливи стварности на општествениот свет, дури или особено кога се ужасни и трагични, кога се прашања на живот и смрт – и кога ви се случуваат вам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура има создадено толку многу „комични претстави на сидата“, всушност, што канадскиот критичар Скот Алан Рејтер успеа на темава да ѝ посвети цел том.168 Австралискиот геј-активист Дејвид Мекдијармид, кој во 1995 година умре од компликации од ХИВ/сида и чие подоцнежно творештво се стремеше да промовира прифаќање на сексуалноста на ХИВ-позитивните геј-мажи во ера проткајана со тревожност и со очај, може да послужи како уште еден пример на оваа машка геј-културна навика на исмевање на ситуациите што се страшни и трагични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)