Беше еден од челниците на алжирскиот Фронт за национално ослободување, прв амбасадор на независен Алжир во Египет, Велика Британија, на крајот и министер за надворешни работи на Алжир.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го познаваа добро и повеќе генерации југословенски дипломати од перидот на Движењето на неврзаните, но и од времето на алжирскиот отпор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓутоа, генерацијата југословенски амбасадори која заминуваше во 80-те години на минатиот век на највисоките дипломатски мисии и на која припаѓав со своите четириесетина години, заминуваше кога сите идеали врз кои почиваше федерацијата, со исчезнувањето на нејзиниот творец Јосип Броз Тито, тивко се губеа, остануваше само по некоја трошка од тие идеали, која најмногу се откриваше во неврзаните земји, кои веруваа повеќе во Југославија во тие времиња отколку самите нејзини жители во неа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)