Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Терористите“ околу ЦК знаеле дека гемиџиите не биле добри со Иван Гарванов, но и покрај тоа, не преземале ништо против нив.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)