гаќи (имн.) - да (сврз.)

— Море, сто рала гаќи да носат такви како Крстета Попов, окото не ми трепнуа, ќе и согаза како нишчо! — се фали Неда и се мисли: — „Оти волку и сакам, и неќу за него да се прикажуа?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудно било што и до тој суров Онисифор се допира набожноста на очајот, што едно од многуте пипала на тој очај се движи кон неговата загатливост, зашто само тој пред поаѓање не ја отпечатил крвта на својот палец и показалец во манастирското Евангелие и зашто само нему му рекла игуменијата Минадора дека ќе му суди под бочва некој калуѓер Кузман или Дамјан доколку му никне тртка на носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас, на пример, можам да се облечам во женски штикли, да ставам црни чорапи, да го нашминкам лицево и по гаќи да излезам да шетам по улици. Да ме фаќаат за газ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)