Караваџо е филм за Микеланџело Мерисио од Караваџо, филм за Пазолини, Џарман, Фасбиндер, Ортон, за поетот-кловн-дете.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во овој случај, да парафразираме еден од тие “црни” Французи - Бодријар: голем се станува единствено со побуна против сопствената нација, со востание против владеачките (викторијански) вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со симнувањето на превезите од тоа име, коешто е и знак и симбол и едноставно напишано име, влегуваме во ЛАВИРИНТОТ наречен “екскомунициран уметник, повеќекратен аутсајдер, вљубеник во љубовта како единствен вистински пат до вистината”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Иако вљубеник во мескалинот, нов духовен сакрамент кој создава можности за ново доживување на светот, писателот на неколку места како да поставува одредени сомневања во неговата универзалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој е страствен вљубеник во Играта.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И татко му, прекрасниот вљубеник во Платона, избезумено пред смртната постела му шепотеше, чешајќи се по косата како да истребува вошки: „Ги гледаш ли портокаливе. Мајка ти ги донесе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Толку е бедно што не постои можност дури ни фронт да се отвори, да се започне една конструктивна деконструкција, точка по точка; од таа страна стојат селски учители, вљубеници во руската реалистична литература и истамбулски шопинг-наци-туристи; темели на севкупниот нивен дух се токму најголемите духовни гревови, според Слотердијк: идеализмот, морализмот и ресентиманот”, му рече господинот П. Вулкански на својот млад колега, г. Абов, кој одговори: „Но, господине!“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Свет што толку широкоградо и отворено им го нуди на сите вљубеници во убавите четива, особено на поезијата, на стихот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
- А сега? – пак го прекинува Џим, испитувајќи ја сè уште внатрешноста во чашата јогурт. – Во овој град живеат заедно луѓе од разлечни нации, различни вери. (Стимулација е ова, или пак симулација? – му потшепнувам на Димитар) McDonalds наспроти Златен Клас!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Големи вљубеници во зборот...Fascinating…
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А ибн Бајко се расприкажа, зашто и знаеше многу да каже, дури и за себе се расприкажа не само за овој или за оној, кажа за Јосиф и папучите на Гази-баба, кажа, како многу упатен, и за турбето за кое Гази-баба толку долго си бараше место за најпосле и да го изгради, и дека како вљубеник во Скопје сакаше турбе баш како на Хинду-баба кој ги држел пред него најпознатите проповеди во градот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Токму преку литературата, овозможена му е припадноста на целиот културен свет, зашто, еден вљубеник во пишаниот збор ја има можноста, како оној чуден јунак Дезесент од романот на Уисманс, што оди во лондонски паб среде Париз за таму да ја доживее атмосферата на Лондон, да ужива во улиците на Даблин читајќи го Џојс, без воопшто и да стане од својата удобна фотелја за читање...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Токму како што стрејт-мажите што сакаат бродвејски мјузикли мораат да потрошат одредена енергија за да ја совладаат сомничавоста на која природно наидува нивното тврдење дека се хетеросексуалци, како што посочува Милер, токму така и во случајот со геј-мажите, „иако не се сите“ и иако „ни повеќето не се“ вљубеници во Бродвеј, тешко дека оние што не се вљубеници се поштедени од стереотипот што упорно настојува дека се.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Скопското козиче ќе го има лицето на морнарите од Кронштад, на Бухарин, на Троцки, на Костов, на Димитров, на Велушиотис, но и на сите вљубеници во слободата во овој предел на јужниот Балкан.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само отпорот на козите, на козарите и вљубениците во козата, можат вистински да ја докрајчат суетата на имбецилните и деструктивни идеологии.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И ете, тука судбината го донесе Татко, не како адвокат да посведочи за тестаментот, туку како голем вљубеник во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)