Ракописот беше убав, неизменет уште од времето кога како дете сираче, останата без мајка, еден период живееше кај својот вујко во Солун, учеше кај солунските лазаристи француско училиште.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, знаеш, тоа останува, имам еден стар вујко во Турција, осумдесет години, иселен 54- та, тој и денес со саати врти едно прастаро Искра-радио и се обидува да фати македонски, некој контакт...
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На гости кај вујка во Чаништа? – се замисли и почна да ја разгледува одајата на сите страни, па веднаш си одговори: – He, не!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јас се бев оддалечил најмногу од неа во долгиот дипломатски мандат... Писмото беше испишано само на една страница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)