Под негова дланка планина ќе спласне, со плуканка може и вулкан да згасне.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Со тешкиве весла, - се соголија до самите катници зелените заби. – Ако ви е помило, тоа можеме да го сториме и со топузи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
При спиење крчеше силно, бревташе како заклан јунец, како вулкан да клокоти.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)