Потоа ги испружи рацете преку рамената на својата пријателка, ги сплете на грбот по кој се разлеваше нејзината долга брановита коса, силно ја притисна кон себе, потоа се оддалечи малку од неа, за да се погледнат очи в очи и, кога заеднички ја фатија нитката на длабоко вслушување во молкот, Илона тивко проговори: “Тоа е мојот единствен пат. Помогни ми. Те молам.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)