вселена (имн.) - и (сврз.)

Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред да му се стемни, пред до клепки да потоне во поплавата на безумноста видел дека небото над него е мртво око на закланата вселена и видел во тоа око блескав цвет од лилава и бакарна и зелена светлост, за да му покаже во што да го забуцал ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лествичникот, братот мој ја сочува главата на раменици, јас останав Сказник и Мозаичник, ќерката на логотетот прездраве и проклетството го снема, оти се помести вселената и ѓаволот веќе не гледаше нешто што не треба во словата да се види.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сум во вселената и не ми е името ѕвезда недопирлива. Чекај, сите права.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)