врска (имн.) - на (предл.)

Но нервните врски на батката беа блокирани, инфилтрирани и атрофирани, така што мозокот не можеше повеќе да издава наредби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не можеше ни Орде да устои пред тоа чувство, но добродушноста на неговиот потсмешлив однос, што почнуваше да се јавува, беше несомнено потсилена и од онаа врска на кумство што ги сврзува двајцата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оние кои владеат наследници се на сите претходни победници.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Постои, постои посредна врска се надоврза Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но јас не ја разбирам врската на гастрономијата со нашата листа на заемките за османотурските јадења во нашите балкански јазици?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојата врска беше линијата Порт де Ванв и речиси во истиот момент во првиот ходник сфатив дека Паула (дека Офелија) ќе тргне низ ходникот што води до врската на линијата Мари д Иси.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Врската на тоа име со моето презиме беше очигледна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Арсо се оптегна, и, потпирајќи се на рапавината од ѕидот, се исправи, си ја затегна разлабавената врска на вратот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така во семејството Голдблум се формира една врска на силна и меѓусебна наклоност што, како што тоа бидува во таквите случаи, во нив двете продолжи дури и по смртта на Леон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Или, и пред да го вчудовиди таа сличност, бил упатен во врската на жена си со Ролан, но молчел чекајќи да го види крајниот резултат на таа врска и какви последици можат да произлезат од неа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби Иван Степанович воопшто не се надевал дека синот ќе дојде на светов со главата на Ролан?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)