Тие лични цени се највисоки кога се работи за романтична љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Човечката цена на љубовта произлегува од тоа што општествената институција љубов се збркува со природниот, самоникнат, незауздлив израз на силно чувство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да скратам, геј-мажите ја знаат – односно, барем мора да ја знаеме – цената на високата сериозност, тиранијата на општествените улоги што не можат да си дозволат да ја признаат сопствената изведбеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, голем дел од емоционалната деструктивност во љубовните врски произлегува токму од тоа што љубовникот не си ги гледа чувствата и однесувањето како незадолжителни, како обликувани (барем делумно) од условна општествена улога, како ефект од изведба на културно сценарио и како вдоменост во романтичен идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)