врзување (имн.) - на (предл.)

Не затоа што се витлите сложени алатки, напротив, многу обични се, но голема мајсторија е да врзиш сноп кој, при пренесувањето, нема да се растури, а витлите за тоа служат, за врзвување на снопје.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега ми ги потокмува панделките од врзувањето на темето. Баш би сакал да видам како ми стои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Кој ќе бидат оние браќа што маваат од чукана? — се запрашаа војводите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе одбиеме врзување на очите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Аскерот се стаписа надолу и сега немаше опасност од врзувањето на обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)