вреќа (имн.) - полн (прид.)

Откоа го удрил три пати, го посинил и му дал десет клучеи од десетте одаи да отворит момчето и да видит што има и што нема во нив.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зело момчето една вреќа полна со слама и легнало до вреќата, та му свикало на старио да го удри со патерицата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не мина многу откако ги примија првите плати, обајцата донесоа по една вреќа полна со брашно, едното пченично, а другото пченкарно, сеќавајќи се на Татковата вреќа брашно, која одамна престана да ја носи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Почна да бега назад, кон фрлената вреќа полна со зрна, со цел да го залаже јастребот со храна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Да испредеш волна една вреќа полна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)