време (имн.) - како (прил.)

И сега еве го времето како наидува да ми укаже на ограниченоста на мојата перспектива со оглед на која сум создал.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во таа смисла, неслучајно е одбрана токму категоријата време како амблем на бројните мали светови, кои пулсираат низ страниците на оваа книга.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И овој пат, „хоризонтот на очекувања“ на читателот нема да биде изневерен; полифонискиот принцип на структуирање на текстот е врвно поетичко начело и во Човекот со четири часовници.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Каква улога можеле да имаат тие военни времиња во создавањето на нови животи. Верувам дека имам право да прашам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Помислив дека ги спомнавте воените времиња како пример за поинаквото однесување на мажот и жената?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ги заборавив зборовите на амбасадорот Ерик Руло кој подоцна како патувачки амбасадор леташе меѓу арапските и блискоисточните градови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговите зборови ми висеа над свеста како Дамоклов меч. Времето како да му даде за право.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
-Времево како да сака да врне, се чувствува напнатост во воздухот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
11. Слушавме како надоаѓа и топол ветер, а се гледаше и времето како започнува еден нов круг лутајќи меѓу пештери и тишина во која разлистува сѐ.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)