време (имн.) - брзо (прил.)

Татко се оттргна од далечните мисли. Времето брзо минуваше. Го погледна часовникот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Времето брзо минуваше. Татко имаше чувство дека присуствува на автентичните, неповторливи часови на еден единствен универзитет, од човекот кој му беше и толкувач и протагонист во историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но времето брзо минуваше. Во градот се спушташе ноќната тишина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Враќајќи се на полето на јазичното прашање, Климент Камилски прв се огласи: Времињата брзо се менуваат. Светот ќе се обединува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Времето брзо поминуваше. Свадбата се закажа на средината на октомври.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Намерно поставувајќи го во дневната соба, да ме потсетува дека времето брзо врви.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа нешто на ноелемакот му даваше скапоцено време брзо и несетно да избега...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вториот ден од панаѓурот, веќе вознемирен дека времето брзо поминува, а тој ништо не прави, кандиса некако еден од манастирските измеќари да остане на сергијата наместо него, колку тој да ѕирне лево и десно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како и да е, времето брзо течеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Откако се преселив кај Бај Шишко времето брзо изминува: сончевите денови се наполнија со ветришта и прашини што ги креваа ветриштата, а ветриштата се заменија со дождови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Времето брзо минуваше. Во еден момент влезе секретарката да предупреди дека моето време истече, а во салонот е друг амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ама сепак подобра земја на овие простори на Балканот не може да постои. Треба да се бориме за да се спаси!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мама: Да, со домашни задолженија времето брзо си врви, ама не е само времето да си врви... проблемот е двоен: професионален ангажман и финансиски ефект отсуствува, мислам, со една плата сме... а долгови, позајмици... селење...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беа изморени, па и времето брзо си помина, Томе го заврши состанокот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)