Ако вчера Македонија ги пречека со магли и солзи, денеска ќе бидат под закрилата на Господ, а господ има топло срце што цел ден ќе го шета по синото платно на небото! шета со очите по полегнатите крај себе, се гали по мешето и мило ѝ е што не се веќе во онаа тешка рамница која во ова време целата се претвора во кал и додека не дојде северецот да ја замрзне не може да се шета по неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)