време (имн.) - низ (предл.)

Верувај, иако на патот дрво нема, само песок на времето низ пустина гледаш Калахари, и уште нема каде да се качиш, дури и во моментот на идеи бледи, правила туѓи нѐ следи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Возот татни низ некаква клисура, од време на време низ високите стебла како да сјае некоја вода – езеро, или можеби река – но полека се стемнува, и низ валканите окна не можам да забележам ниту човек, ниту некаков знак.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Доколку човекот поради несовршеноста на својата природа, е повикан да го поднесува одминувањето на времето низ категориите на минатото и на иднината, тогаш тој никогаш не е во состојба да оствари цврста, реална категорија на сегашноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ние си разговаравме седнати на прагот и за цело време низ селото поминуваше војска и се префрлуваше отаде трапот и реката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во оние дуќанчиња, кои се како бисери изнаредени покрај каналите, на големиот градски плоштад, кој е изнареден со најстарите зданија во стилови кои ги носело времето низ столетија, се белеат тантелите, така што тие го белеат и сиот град...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Талкаше некое време низ логорот во потрага по кафе и по доручекот дојде до една од оние нагли одлуки кои подоцна се забавни за разгледување.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кучињата, држејќи растојание, ја лаеја уште некое време низ орманот и наскоро се вратија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
За тоа имав две причини: а) нацистот беше командант на подморница и знаеше нешто за навигацијата, во секој случај повеќе од останатите; б) во аналогија со војната, тој и навистина беше победник во тоа време.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сенка на сомнежот е филм кој мене лично највеќе ми донесе задоволство - тоа е еден од многуте филмови кои ми се најдраги - бидејќи, најпосле имав време низ приказната да ги развијам и личностите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така, со години, победата родена во одмазда станува дамка на совеста а поразот можел да се крсти подземен заборав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, не можев да сум поинаков од другите, со нив раснев и од нив учев, и не верував дека е прв ден на пролетта: минува времето низ мене, ме џвака однатре, ќе се споулавам, мислев и ги бришев солзите на пониженоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас чекорев по едно друго време низ неговите врвици, за да сведочам, за да го оправдам татковото невраќање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мојто прво либе партизан отиде три години време низ Македонија.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Зимно време низ него фрлавме дрва.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само оној, најпрвиот е почист и поослободен од правта на времето низ кое поминуваат...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не, не се залажувам туку тврдам оти минувањето низ времето е поминување низ неговата прав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едно време низ мојата песна слушнав врева, но воопшто не помислив на лошо, туку си велев: Бездруго нечии коњи се исплашени и сè ќе испокршат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)