време (имн.) - татко (имн.)

Но стануваше јасно дека со текот на времето Татко и Камилски ги напуштаа лингвистичките амбиции, па се префрлија на филозофското толкување на најкарактеристичните зборови, откривајќи ги во нив кодовите на заедничката меморија на балканските народи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LIII Новите третирани заемки и кај Татко и кај Камилски не престануваа да будат нови конотации и асоцијации за некогашните балкански времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чинеше дека е прилично радосна од тоа што пред некое време татко ми и рекол дека многу личи на мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мене во тоа време татко ми Блажо ни до Охрид со другари не ме пушташе, така да решив под итно да воведам некои реформи во својот живот не би ли ги проширил лимитите на личната слобода.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во тоа време татко имал понуда да се преселиме кај Туши Керамичиев, а и Оче нè канел во нивните подруми.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
М'ж је се сторил каил и кравата ја заклале, та си вареле од месото и си јаделе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Потем некоје време татко је се преженал, зел машчаа на Мара.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Цар Александар као дете му вика на персијскиот цар: „Ти не си вреден мен да ме учиш. Многу си далеку“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Цар Александар се замисли: „Ајде, ајде - вика - ќе дојде време јас да ти расправам“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И у кратко време татко му умира.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За тоа време татко ми беше српски војник (на вежба) кога пропадна Србија, па дојдоа Бугарите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Забележа дека во последно време татко ѝ нагло старее.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Добро помни кога татко ѝ ѝ ја стави на глава мајчината капа, само за да ги развесели децата. – Времето си врвеше, но таа сè уште седеше крај прозорецот со главата навалена на завесата и го вдишуваше мирисот од прашлив крепон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)