време (имн.) - ме (зам.)

- Не! Не ме разбираш јас сакам да останам, но времето е кратко, времето знаеш. Времето ме гони!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но во исто време ме израдува силниот плисок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ја крена главата, како човек предизвикан, и некое време ме гледаше испитувачки, потоа ја зеде слушалката и нешто зборуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Судијата на времето ме удира со чеканот четири пати по главата додека дежурам покрај креветот разболен. (Го покривам со моите пердувести заблуди за да се испоти.) Загрижено и поттурам чај под уста на перницата заразена, на пижамите им мерам температура.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Размислував и, еве, решив на овој начин да го искажам она што го сметав за потребно и кое веќе од подолгото време ме мачи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред очите ми се сменуваше црвена и црна боја и нешто како светложолти молскавици.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чувствував како сето тело ми гори, а во исто време ме облева студена пот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во последно време ме оставија намира.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Му завидувам на шубарата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но настанот што се одигра за кратко време ме приврза уште повеќе кон него и ме натера да го слушам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трчав и очите ги држев отворени, посебно кога трчав по западниот дел (овде сакам да му се заблагодарам на мојот пријател Павле кој за цело време ме подржуваше во трчањето).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодрував: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ми поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и со ками.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодруваа: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ме поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и ками.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Споменот на новото време ме потсетува на вечноста украдена од сништата Божји.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
- Во последно време ме гледаше така чудно како никојпат да не ме видел...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А јас би сакал да слезам од овие ѕидишта по славејот што клука под стреата по шумот на водите по ластарот на лозите зашто уште копнежот клука и времето ме јаде да слезам да истрчам да избегам во просторот во просторот зрачен потопол од сето време.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Наместо да го заборавиш моето име Ти го вглоби во секој камен, го запиша на сите гранки Па најтивок повеј низ времето ме ниша - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Но, ми се чини дека, во однос на боксот, во тоа време ме фасцинираше англиската публика, тие гледачи кои, сите во црни кравати, доаѓаа и седнуваа околу рингот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Тава беше едно време. Саа ујде сичко наопко. Жеенте ептен сила дубијаа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мојот фламбоајантен пријател Хорацио Цвикало (без средно име), кој секогаш во вистинско време ме теши со вистинска приказна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Цело време ме мерка: да ут доле на горе, де ут горе на доле... шо да ти кажувам... кату лифт у расипана зграда.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак, не би се осмелил оваа т.н. свечена популарност во комшилакот да ја означам како една од причините што анти(-)упатствата и натаму се множат без прекин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А комесарот, ѓубрето, цело време ме теши та ми вели - не се плаши, бре.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Разбирливо е што доаѓаат до спротивни заклучоци и определби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се израдував кога уредникот ми предложи размислување за популарната култура и толеранцијата, бидејќи се работи за прашање што веќе долго време ме вознемирува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И не само мене; имено, во последните десетлетија, сѐ поинтензивно му се посветуваат низа мажи и жени што размислуваат и пишуваат, при што поаѓаат од што е можно поразлични претпоставки, критичко-теоретски насоки и идеолошки убедувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие веќе подолго време ме беа чекале, зашто без мене натпреварот во фудбал не може да почне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мене едно време ме зедоа Турците, побегнав кај Црногорците, кај свои, на море излегов. Долу Пиреја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да беше на негово место другарот Едо Бранов, јас исто така ќе пукав и во другарот Бранов затоа што тие мене толку време ме лажеа во врска со мојата квалификација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)