време (имн.) - стои (гл.)

Тој насекаде и во секое време стои на чело на својот народ и му порачува: „Ќе дојде денот кога македонскиот народ ќе се крене на оружје, на востание.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сами треба да си помогнеме, помош не треба од никаде да чекаме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Извесно време стоев простум на високото, слушајќи го удирањето на копачот во тврдата земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури долу, на крајот на остарената Балканска улица станува совршено јасно дека тркалањето на зелките е чисто уметничко дело и дека не е баш случајно што тука долги времиња стои една џиновска каца со расол.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но како сосема издвоена личност со сопствено дело, прв на пресвртницата на времето стои Торквато Тасо (1544-1595).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Кога седам и кога ништо не работам, времето стои и ми тежи на градите.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А скалата цело време стои како да е забодена во земјата?“, прашуваше Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој го стори тоа со соучесништво на цела плејада крадци кои му ја поткраднуваа продавницата, на купувачи кои планирано и постојано купуваа на вересија и на пожари што ги пеплосуваа оние стоки на татко ми, кои не беа разграбани од крадците и од купувачите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Крадците, купувачите и пожарите долго време стоеја како yид меѓу мене и татко ми и јас ќе останев неписмен да не им паднеше на моите постари сестри забавна мисла, што им нудеше нови можности: да се зафатат со моето образование.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некое време сетил оти ет на суо и станал просто, та се прекрстил и Богу се помолил задека го избавил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу време стојал Силјан на су(в)о ватен на штицата и сѐ му се чинело оти се носит на море.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По некое време стоеја пред Претседателот. Претседателот им рече дека треба да дојдат ваму, во Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арсо долго време стоеше во очекување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
(Ќе замавне оддолу кон небото, човекот не се распорува поинаку.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не му реков ништо, тој и не ми се обраќаше мене, само знаев дека ме донел на раце и ме оставил врз сламата на својата кола со едно воле, потоа им ги проврел главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но не знаев колку време стоел над мојата бесвест, секако не пуштајќи ги треварите, црниот Пандил и лисоликиот Никола Влашки, да ми ги тргаат тешките клепки од очи и со пречувствителните прсти да ја стискаат жилата на моето младо чело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНТИЦА: (која во последно време стои замислена, издивнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Извесно време стоеше над неа, па тогаш ја крена одново раката и со еден силен потег ја избриша и неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледан отстрана, неговиот бел и смело извиткан лак изгледаше секогаш одвоен и секогаш сам, а го изненадуваше патникот како необична мисла, заталкана и фатена во карпите и во дивината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По многу нешта се гледа дека листот долго време стоело врз масата, примило разни дамки од некакви шејови што се пренесувале врз него, а и ракописот не тече како кога се пишува одеднаш, туку големината на буквите ту се намалува, ту се зголемува, чиниш го пишувале дватримина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Многу време стојал Силјан на суво фатен на штицата и сѐ му се чинело оти се носи на море.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Мислите, не е во ред ова што се случува?“, му се обрати гласот на човекот кој изгледа подолго време стоел зад него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Штом го изговори „откри ми се“, момчето, насмеано и победоносно скокна од јаболкото, од големиот црвен плод што за сето време стоеше пред нејзините очи, а кој таа не можеше да го види.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дозволив да се изгубам понесена од страстите и чувствата во оваа преубава фантазија каде времето стои, но тоа не е стварност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Морам да научам да го живеам овој живот кој го имам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сигурно мајка ми ќе ме караше што така си дозволувам да ги вознемирувам луѓето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Долго време стоев така, можеби пет минути, чувствувајќи се многу непријатно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам колку време стоевме така загубени. Јас и Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Автомобилска бучава откај булеварот „Јане Сандански“ беше стивнала; се слушаше само по некое задоцнето возило; дури и лизгањето на лифтот и тропањето на металната врата беше запрело... небаре времето стои на некоја попатна станица... ама мислата не сака да запре ниту за миг.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Калија едно време стоеше без збор. Потем се заниша и брзо се откина од него, па се потпре на ѕидот: а ѕидот небаре почна да се лизга како пелте и да се рони како цветовите од смилјето што ги стегаше в рака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На неа веќе подолго време стоеше вагон што нигде не патува и никого не вози.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)