Тоа беше бескрајно понижувачко, а по извесно време стана страшно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во него, тој ќе напише дека Држиќ, токму во нашево време станал „личност за која покажуваат жив интерес не само стручњаците-историчарите на книжевноста, туку... го осмислуваат во своите творби и разни уметници: писатели, музичари, скулптори...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Едно време стана и ја запре музиката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неколкумина формиравме група за проучување на хипнозата теоретски и практично.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во тоа време станав многу заинтересиран за хипноза.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Едно време станав и од буклијата се напив вода без да ја процедам а нешто по јазикот ми отиде во грлото.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Децата, заумени, по едно време станаа и тргнаа надолу влечкајќи се и ни самите не знаејќи како ќе му пристапат на Мартина.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се работи за два цртани (анти)јунаци, што во рекордно време станаа главни ѕвезди на MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
При тоа цело време бревтаат, отсутно се кикотат и кажуваат пригодни коментари за фризурата на Boy George.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нивниот огромен публицитет најверојатно ги изненади и самите творци, бидејќи на прв поглед се работи за едноставна получасовна програма, што е составена од евтина анимација, стари видео спотови и ставот колку-е-убаво-да- се-биде-глуп. Beavis и Butthead се бели дечишта, припадници на средната класа, што седат на кауч, притискаат далечински управувач и гледаат заборавени видео спотови, како што е на пример Karma Chameleon.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)