време (имн.) - покаже (гл.)

Со примитивна планинарска опрема, недостиг на сместувачки капацитет, ама секогаш и секаде прифатени со симпатии и поддршка од месното население - патот го изодевме, ама потоа времето покажа дека нашиот труд не продолжи.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но, според зборовите на Кирова, времето покажа дека тие не си ја вршат работата: на пример, синдикатите не протестираа против одлуката со која се намалува платата за 15% на неодредено време поради финансиската криза на претпријатието, како ни против онаа нелогична одлука за истовремена набавка на нови возила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ЈКП „Дервен“ – кадешто работат преку 250 вработени првенствено по партиска линија, во зависност од која која од двете најголеми партии ќе ја освои локалната власт – денес постојат два синдиката во кој своеволно и на недемократски начин е поставено раководството –  кое само ги информира своите членови за направениот избор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По извесно време покажа на лулата што беше на столчето крај него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таму се наоѓаат две, како што времето покажува, судбоносни статии, што тогаш тешко можеа меѓусебно да се доведат во врска.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)