време (имн.) - остане (гл.)

Јанче уште некое време остана вудвосан под Исусовото распетие, прикрепено на источниот ѕид, потоа, кога се исправи, уплашен и расплакан, во нивните очи побара согласност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Макар што зборот курбан е од арапско потекло, тој долго време останал неизменет во балканските јазици и пошироко, во европските јазици, па тешко е да се најде друг збор кој опфаќа толку многу значења за жртвувањето, жртвата и сите можни изведенки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да ги побараме заемките во животот, односно во подрачјата, кои без оглед на изминатото време остануваат трајни, општочовечки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски долго време остана крај прозорецот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сомневам дека може да има такви, освен некои исклучоци и тие без големо значење! се спротивстави благо Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Полковниците подолго време останаа на чардакот дишејќи свеж воздух.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Подолго време останаа крај изворот гледајќи го неговото клокотење и клобурците што светкаа згора како очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се повлеков два-три чекори, а сепак уште извесно време останав во осветлениот круг.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лена пак не можела да смогне веднаш да замине, туку уште некое време останала во Долнец, обидувајќи се да си ги собере мислите и да си го зачува животот цел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Полека минуваа годините, а кај Митре за цело време остана да тлее истиот нелагоден филинг.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Малиот едно време остана вчудовиден од таа негова постапка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно време останаа тука сосема скучени, како некој да ги беше прибрал под стреа од нивната заталканост, која само по некоја среќа можела ете и да има крај и чиниш се чувствуваа незгодно од тоа гостопримство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа објава, според традиционалната мистика, долго време остана скриена под велот на заборавените јазици - во египетските хиероглифи, меѓу келтските руна, во пергаментите на слабо познатите религии на Азија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од Титовото време останаа симболите на неговото владеење - претседателскиот брод Галеб и Синиот воз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И откога завршив, тие некое време останаа така здрвени, со отворени усти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кутрите, и кога ги зафати огнот, уште не знаеја Дека тие си заминуваат а времето останува со нас, според Твојата волја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Современото мислење и осетливоста при регистрирањето на пулсот на нашето време останаа и понатаму негови истакнати одлики, но неговото двоумење помеѓу крајните луцидни увиди и понекогаш крајно детските, искрени и погрешни процени или пусти желби, сега се смирени со пообразложен и посеопфатен начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сцената едно време останува пуста.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Едно време остануваат така замолчени. Потоа, проговорува Иван.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така некое време останавме таму, додека нашите веќе беа пристигнати во Прилеп, почнаа да се слушаат нивните истрели кои доаѓаа дури до нас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја праша дали знае каде отишла колоната, а таа само спушти раменици и му рече дека не знае.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)