време (имн.) - оди (гл.)

Колку време одеа така не можеа да определат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Којзнае колку време одев така ко заборавена, што се вели, ко испадната од некој вагон на возовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4. Стрвна спирала Штом премногу претскажуваш стрвна астрална спирало милост имај за трпеливите за лифчињата на душата врз коишто го истураш штедро твоето мастило моровата моќ, индигото од тебе зависи дописот со небесата ритамот и римата, или и ти не можеш ништо кога густината се ретчи комплексите малаксуваат согласјата се упростуваат - само Отецот сам самцат стихува сушноста – сушта суштина суштествено суштествува всушност, меѓу четири ѕида стисната слободата ѕирка, се ѕвери нагоре, а таму (уууууууууууу) сѐ се движи во обратна насока гледано одоздола ааааааааааааааааа: или времето оди наназад или човекот е свртен наопаку опак Закону, злорад Реду приказание, Име имаш ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Времето оди, но сепак, нешто, некој тука, уште е. Остана. Диши. Векува. Тука сме.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тоа подобро да и го кажам на тетка Рајна, која денеска сигурно ќе дојде, бидејќи и Вера и јас во исто време одиме на училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)