Сакав да се петелам пред Лу. Сакав да ѝ се покажам како важен научник, иако сето време знаев, без никој да ми каже што е во прашање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Една претерана, залижана учтивост, која ја препознавам кај себе во ситуациите кога глумам „правилно“ однесување, а во исто време знам дека е фалшива.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој за сето време знаеше со кого е во оваа шума и во оваа ноќ. Ниеднаш не успеа да го заборави тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кој тоа може да го знае?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
ВЕНЕРА СО НАСТИНКА Секое попладне сонува еден ист сон Будејќи се над кафеанскиот мебел Ја прашувам има ли каде да преспие Не, одговара - само жмири од густиот чад Правејќи големи кругови од време на време Знам дека тое е еден ист сон пиејќи во друштво на таа девојка
глумејќи заинтересирано додека светлата не стивнат
Во темните часови е бескрајно тажно
Се трудам да не паднам во пустилото
што голта, испарувајќи од тие сиви очи
Сѐ до следниот пијалок - во мугрите возејќи се -
до другиот крај на градот
Обземена од заморот заспива првата клупа
галејќи ја росата...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За сето време знаеше дека сите тие самјаци, ранети вака, како што беше овој, неговиот, мораат да застанат на едно место.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Не! Не ме разбираш јас сакам да останам, но времето е кратко, времето знаеш. Времето ме гони!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)