време (имн.) - зборува (гл.)

При сѐ што цело време зборуваше, Живко брзаше да го домака червишот од ширденот пред да му се залои, потиснувајќи ги недоџваканите залаци со долги голтки од виното што режеше како расолница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што ти е тебе денес? Сево време зборувам, а тебе како да те нема?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Долго време зборуваше турски со својот ѕвонлив цариградски акцент со својата тогаш среќна мајка, последна утеха по нејзините неостварени илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)