време (имн.) - дојде (гл.)

Веќе не ми обрнуваше внимание и знаев дека тоа не е добар знак. По малку време дојде полиција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше уште нешто занимливо во Гламоур, Глиттер анд Голд - мислам покрај тоа што го напиша Џеки и тоа што Кенди играше во него - сите десет машки улоги ги одигра Роберт де Ниро - беше тоа негово деби.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Џеки веднаш ми пријде и седна на масата на која седев со тројцата,Стоунси - Брајан, Кејт и Мик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По некое време дојдоа и Џеки и Кенди со некои двајца типови што не ги познавав.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тоа време дојде дури и до забрана на като­лич­ката вера.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И ете, блажени, времето дојде да ви преподадам камче уште едно од историјата со источната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Френсис Фицџералд, кој во тоа време дојде во Кастро, опиша дека тротоарите се преплавени со „младичи облечени како заедно да пошле на пешачка експедиција“.64 сите во фармерки, фланелски кошули, планинарски чизми и перјани јакни пилотки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По некое време дојде Ризо и тропна на прозорот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Е, пиле!“ продолжи да ме бомбардира човекот, „глеаш шо времиња дојдоа? Ѓон да се нема! 68 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А пред да се зазорит, го клал в гроб и си ошол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тоа време дошла кај жената му и мајка му да му помага за кравите молзење.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Затоа, видов, не видов, пак во животта, да работа баре сам од себе!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По малку време дошла мајка је од жената и си кажала алот за како ја тепал метлата од неа мажот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И не(ј)зе и кажуал Велче оти штркот го удрил со стапчето и после го ватил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во договореното време дојде кај Рада и не сакаше да губи ниту минутка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се провре низ оградата и влезе во градината, се растрча, а по некое време дојде до борот сред градината и почна да копа крај неговото стебло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во тоа време дојде од војска долгоног бабуш, брат на две милолики девојки за кои селскиот телеграф оттчука толку вести што дури и на потомокот на Јаков Иконописец, на оној Борис Качар со павлака преку очите, му се слоши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но кога виде оти уште е рано, — си поседе на чешмата, си поужина лебец и сиренце, се напи водичка и времето дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај ручек време дојдоа и гостите, на чело со нункото Милоша, си поручаа од Митрините тепсии, ја пофалија Достината нова манџа и си отидоа да разнесуваат по селото за новините што ги воведува рожденката. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај да оди? Веќе денот прекрши, ужина време дојде; почнаа луѓето да се прибираат кој од орање, кој од дрва, од овци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На времето дошол во кратка посета на Америка и останал до ден денешен.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Арно ама, не мина многу време дојдоа социјалистите на власт, некој го нишанел станот на татковата сестра.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тоа време дошла кај жената му и мајка му да ѝ помага за кравите молзење.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По некое време дојде и тетко ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Други времиња дојдоа- графити по ѕидовите од распрскани малечки утроби.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Грди се пајаците, лебарките; Понови времиња дојдоа- ги помилуваа- некои, но не можеа да ги сакаат; најпосле, си рекоа: па што ако- една, две бубачки в кревет;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Е, мајката, шо расипано време дојде...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Какво време дојде, оди во црква – светци, излези надвор – слепци.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во тоа време дојде вујкото на татко ми, братот на баба ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тоа време дојде комесарот Здравко и му вели на командантот: Абре, со кој ум вака решаваш, кое женско денеска, во вакво време продава дрва, особено вакво девојче и во што било да го облечеш може да го осудиме на најлошата смрт. И така Здравко ме извлече.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во исто време дојдоа куририте и го викнаа командирот Леко. Тој отиде со некој страв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
УМЕТНИЦИТЕ МИ НАПРАВИЈА ПОРТРЕТ Така стигнавме во Кичево, здогледав само непознати другари и се почувствував дека сум отуѓена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едно време дојде другарка ми Добрила и веднаш ми беше подобро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тоа време дојде една добра пријателка на мајка ми и нејзина подалечна роднина, па таа ја разбуди стрина ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тоа време дојде и јавката од еден во друг окоп – Милка да истапи напред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И се подготвија да одат во штабот за да утврдат што е правилно, а што не.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас никогаш не го имав видено Прилеп а камо ли дрва да продавам таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)