време (имн.) - гледа (гл.)

Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Цело време гледам во нив благородна вдахновеност, чинам, не денешна, ами пренесувана и љубоморно негувана од колено до колено и гледав уште искри на подбивност кон уништувачкото бреме на времето кое на овие простори истури толку омраза, лошотилак, кодошлук и подбуцнување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Винстон извесно време гледаше во неа втренчено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За тоа време гледај да му го пуштиш некако твоето презентационо ДВД.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Неговите зборови јас многу-многу не ги кладов на умот зашто цело време гледав што ќе прави Киле. Фодуло дете беше тоа Киле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа ги свртува очите угоре и долго време гледа во десниот горен агол од прозорецот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тој се помрднува, пречекорува кон прозорецот и долго време гледа надвор.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
По завршувањето на конгресот, Михајло Горачинов ќе ми шепне: — Ништо не знам што се зборуваше, вели, цело време гледав во тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Симон долго време гледа во дланките.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Шефот извесно време гледа во високата фигура на машиновозачот, потем со глава му дава знак да седне во една од многуте фотељи и самиот станува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Не пукнуваат, ама спласнуваат, зашто со време гледаат дека на нивните фалби луѓето гледаат со подбив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ХРИСТОВ: (За сето време гледа в земја и ја тутка во рацете својата шапка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ја напушта работната маса, застанува крај прозорците и долго време гледа надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе седнеме да прекаснеме чорба од киселица, а цело време гледаме во сработеното. 40
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)