Му беше појасно од секогаш по долгите дебати со Татко дека извишувањето на човек до кои било недопирливи врвови не може да биде ништо друго, освен длабоко спуштање во дното на сопственото битие.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Уште повеќе што и самиот Меклин, во ноември 1944 година, истакнувал дека Светозар Вукмановиќ-Темпо и Димитар Влахов, при своите настапи, изразувале територијални претензии спрема Бугарија и Грција, што било причина Меклин да испрати протестна нота до претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај негирањето на таквите информации од бугарска страна дека "уште не е созреано времето за покренување такви прашања", британскиот политички врв не можел да остане мирен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)