враќање (имн.) - нема (гл.)

Ние сме торпеда упатени кон него. И враќање нема!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Завршено е. Враќање нема, поправање нема.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лобо: Се премислив. Ако отидеш со женска тогаш враќање нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Па ти ми кажа дека ако те мамам повеќе би сакал тоа да го правам со жена отколку со маж!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, предлогот самиот го дадов и враќање немаше. Тие двајцата се облекоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чекање, иако враќање нема. Но сепак срцето лудо бие, Тивкиот убиец, тагата, без отров убива. Секој нешто од друг крие.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Само магла. Или некои стврднати облаци. А назад враќање нема.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јагули: вечно враќање Немате време за одлагање.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
го врти ко пергил, ко шупливо оревче, далги ко куќи, ко ридови, небото го досегаат и тогаш многу повраќавме на бродот, ете, си велиме наспроти глава ни било трчањето, ама враќање нема, гледаш само вода и сонце, сонце над водата, сонце во водата, ѕвезди над нас и ѕвезди под нас, мислиш си залидал некаде во небесата, меѓу секавиците што се палат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)