врачување (имн.) - на (предл.)

б) Правните средства за заштита на работниците се зголемија од три на четири експлицитно споменати, плус еден имплицитно одреден правен инструмент – меѓутоа, ќе забележиме дека тие се „расфрлани“ во различни членови и не се групирани на едно место: – Првиот заштитен инструмент е писменото барање до работодавачот да го отстрани кршењето на правото (чл. 181, ЗРО/05): a) имено, aко работникот смета дека работодавачот не му ги обез- бедува правата од работниот однос или крши кое било од неговите права – може да поднесе барање до работодавачот, овој да го отстрани кршењето, односно да ја исполни својата обврска; б) исто така, ако работникот смета дека, со писмената одлука на работодавачот, е прекршено неговото право може – во рок од осум дена од врачувањето на таа одлука, да бара од работодавачот истото да го отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
59 Со измените од 1997 не дојде до промена на овие случаи, но периодот од 90 дена забрана за работа од денот на врачување на решението беше преиначен во „период до отстранување на утврдените неправилности и недостатоци“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, од друга страна, во случај ако работодавачот ги повтори овие санкционирани поведенија, забраната наместо дотогашните 60 дена, сега трае двојно помалку – 30 дена од денот на врачување на решението.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Рече дека таа идеја ја дала Луција, како култ- координатор на целото училиште и на Партијата, и дека наградите (три: една прва, една втора и една трета, во парична вредност која не беше за потценување), ќе бидат доделени на денот на врачувањето на дипломите, на самиот крај од нашето четиригодишно школување.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, наместо 60 дотогашниот основ кој се однесуваше само за неводењето електронска евиденција, сега одредбата се прошири и ги опфати и санкционира и следниве дејствија: неправилно водење или злоупотреба на електронската евиденција; •  трето, беше прецизиран и рокот на траење на забраната, но кој се однесува само на случајот кога ќе биде затекнато лице кое работи а нема засновано работен однос – при што таа трае 30 дена од денот на врачување на решението, а не како дотогаш „до отстранувањето на неправилностите“ (чл. 6, ЗИДЗРО/дек.08); и •  четврто, се задолжи Управата за јавни приходи, перманентно, да го известува надлежниот инспектор на трудот за работодавачите кои не извршиле пресметка и исплата на плати, односно најниска плата, за претходниот месец (чл. 261, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во принцип, страните можат да го откажат договорот со отказен рок, кој започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ и за кое време работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела – заради барање на ново вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)