Но на сето тоа му дојде крај, кога еднаш жена му на Оруш, случајно или намерно дојде во плевната; виде дека вратата е одвнатре заклучена, ѕирна низ цеповите и ги забележа на сеното.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А сега ако речеше нешто можеше да стане и кулачки елемент, и ситносопственик, и малограѓанска стихија, а таа врата е многу широка за влегување, но за да се излезе од неа би требало прво да знаеш да се провлечеш низ иглени уши.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но доцна е: вратата е веќе затворена. Надвор ме чекаат другарите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Бидејќи во мислите имаше слични мигови, си рече дека сигурно го фаќа треска и присилувајќи се да се смири, се сети дека вратата е заклучена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Трајче почна да размислува: „Кога би можел некако да избегам? Ама како? Стражарот да заспие... Но вратата е заклучена, прозорчето високо...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Значи, пижами во спална се строго забранети и позади таа врата е дозволена само ноќница, и тоа кратка, многу кратка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Уште пред да се чуе договорениот знак, Луков ја отвора ненадејно вратата. Во вратата е Методи.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)