У тој момент каубојски и неочекувано од врата влезе неповторливиот Гоцка Арнауда облечен у неговата најнова лепршава кошуља со палми која сигурно кошташе колку моето реновирано купатило, но затоа беше грда ко вилицата од баба ми кога лебди у чаша со вода.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Потоа моето детство заврши, фабриката „Ванила“ го смени името, а историјата на голема врата влезе во нашата стварност.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Фахрета Јахиќ, како што и беше вистинското име на голема врата влезе во ју-естрадата преку филмот Тесна кожа (капетан на белу лаѓу Пантиќу, реплика која што од овој филм ја паметам до ден денешен).
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Видов: Светлоста доаѓаше од многуте очи на Мортенија. Малите рефлектори личеа на волшебни кугли. Не трепкаа, си ја менеа само бојата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Жената со нагрденото лице скокна од местото, се качи на столот и почна да извикува пароли во чест на ДАГ и на борците, а потоа почна да вика: - “Ние сме готови!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Низ големата врата влегоа двајца мажи, а зад нив, кривејќи сдеше млада жена со нагрдено лице.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не дојде ти на брак, да видиш едно чудо почудено: шчо дојде една момичка променета с¯ во светли рутишча и со златни чехли; од врата влезе и право на танец, на хоро се фати, игра, игра, и пак со брзина си отиде.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Треќата вечер, кога си се врашчала дома, од брзина, за да не ја превтасаат татко је и машчаа је, врвеешчем по мостот од реката, шчо била тамо негде, је паднал едниот чеел в река.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Било, поминало, велам, живот брз: на една врата влези, на друга излези.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)