Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)